28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСколс: Рангник не е тренер, тој е спортски директор

Сколс: Рангник не е тренер, тој е спортски директор

Пол Сколс, еден од незаменливите фудбалери, во легендарната генерација на Манчестер јунајтед, која ја предводеше Алекс Фергусон, го критикуваше клубот и одлуката да го постави Ралф Рангник за тренер.

Манчестер јунајтед, вчера ремизираше со Саутемптон, претходно одигра нерешени и со Барнли, а на пенали испадна од Купот.

„Луѓе, зборуваме за Манчестер јунајтед. Во тој клуб сѐ треба да е на највисоко ниво. Меѓутоа нашиот клуб воопшто немаше план и на тренерската позиција постави спортски директор“, рекол Сколс.

„Ако не се лажам, тренер бил само две години во последната деценија. Немам ништо лично против него, ми се допаѓа како личност, но мислам дека му недостига искуство како тренер на ова ниво“.

Јунајтед со Рангник на клупата, досега има одиграно 13 натпревари, два пати ремизирал, шест пати победил и доживеал пет порази.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП