28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДанска ја преполови прогнозата за економскиот раст

Данска ја преполови прогнозата за економскиот раст

danska1

Данската влада ја преполови прогнозата за овогодинешниот економски раст од 0,5 проценти на 0,2 проценти, бидејќи потрошувачката доверба и понатака останува на ниско ниво, по проблемите во секторот за недвижнини.

Централно-левичарската влада на Данска наведе дека верува дека наредната година економскиот раст ќе забрза на 1,6 проценти, пренесува агенцијата Франс Прес.

Скандинавската земја неколку пати паѓаше и излегуваше од рецесијата во текот на финасиската криза, а цената на становите се намали за речиси 25 проценти во тој период.

Данската економија минатата година потона за 0,4 проценти, по растот од 1,1 проценти во 2011 година. Откако во првата половина во годината буџетскиот дефицит беше двојно намален, на 1,7 проценти од бруто домашниот производ (БДП), владата очекува дека дефицитот во текот на наредната година ќе се зголеми на два проценти.

Данска, домот на еден од најголемите јавни сектори во светот во однос на големината на економијата, очекува дека ќе ја намали својата потрошувачка на 56 проценти од БДП во 2014 година, од 56,7 проценти кои се забележани оваа година, и 58,3 проценти кои беа забележани минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП