28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија усвои нов пакет мерки за штедење

Италија усвои нов пакет мерки за штедење

italy4

Италијанската влада усвои нов пакет мерки за штедење со цел да ја намали јавната потрошувачка.

Во рамките на најновите мерки, се предвидува намалување на трошоците за службените автомобили за една петтина, како и намалување на трошоците за советодавни услуги, чија вредност во моментов се проценува на 1,2 милијарди евра годишно, пренесува агенцијата Франс прес.

Италијанската влада, исто така, го усвои законот според кој 150,000 службеници постепено, наместо на одреден период, ќе бидат вработени на неопределено работно време.

Најновите мерки за штедење се усвоени по вчерашниот состанок на премиерот Енрико Лета и секретарката на партијата на Берлускони – Народот на слободата (ПДЛ), Анџелина Алфана, на кој требаше да биде постигнат договор за спорниот данок на недвижнините, кој веќе извесно време претставува препрека во односите на Партијата на Лета – Демократската партија и ПДЛ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП