28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: Не барајте пари од партнерите

Шојбле: Не барајте пари од партнерите

shojble2

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле порача дека во „силната“ Европа секоја земја треба да ја извршува својата должност, а не да бара дополнителни средства од своите партнери.

Шојбле во интервјуто за американската телевизија „Си-Ен-Ен“ изјави дека земјите во Европската унија не треба да бараат пари едни од други, бидејќи, според неговото мислење, тоа е погрешен пат за создавање на силна Европа, пренесува агенцијата Франс Прес.

Тој потенцираше дека секоја земја во Европската унија треба самостојно да ги решава своите финансиски проблеми и дека ниту една земја не треба да се надева на помош од останатите нејзини партнери, на тој начин таа многу повеќе ќе работи со цел да не дојде во ситуација да бара помош.

Шојбле минатата недела, на прес-конференцијата за новинарите, соопшти дека на Грција од 2014 година ќе и биде потребен нов пакет помош, а Меѓународниот монетарен фонд неодамна процени дека на Грција ќе и бидат потребни околу 11 милијарди евра помош за 2014 и 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП