19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТАпсурдна пресуда во Русија: Пет години затвор поради видео игра

Апсурдна пресуда во Русија: Пет години затвор поради видео игра

Шеснаесетгодишниот Никита Уваров е осуден на пет години затвор бидејќи наводно планирал да разнесе виртуелна зграда на руската безбедносна служба ФСБ во популарната компјутерска видео игра „Мајнкрафт“.

Никита Уваров е осуден на пет години затвор во казнена колонија поради „обука за терористички активности“, изјави адвокатот Павел Чиков.

Останатите двајца обвинети беа ослободени од воениот суд во Сибир. Тие добија условна казна бидејки соработуваа со истражителите, објави Павел Чиков на веб-страницата Телеграм. Рочиштето се одржа зад затворени врати.

Никита Уваров и уште двајца тинејџери беа уапсени во сибирскиот град Камск во летото 2020 година поради дистрибуција на летоци за поддршка на московски математичар и анархистички активист осудени за вандализам. Тројката прикачи еден од летоците на локалната зграда на руската агенција за внатрешна безбедност, ФСБ, наследник на злогласната КГБ во советско време.

Полицијата им ги конфискувала телефоните и соопштила дека кај нив пронашла размена на разговори за плановите за минирање на зградата на ФСБ, која ја создале во играта за правење блокови Мајнкрафт. Според истражителите, триото научило да прави импровизирани експлозивни направи и вежбале да ги активираат во напуштени згради.

На тинејџерите првично им се закануваа поостри обвинувања за „учество во терористичка организација“, но случајот беше отфрлен поради недостиг на докази.

Уваров негираше дека имал намера да разнесе нешто.

Во завршниот збор пред судот, осудениот Уваров, според „Нова газета“, зборувал за притисок од владата во текот на истрагата и негираше дека е терорист и дека има намера да разнесе нешто.

Ова не е првпат млади Руси да се најдат зад решетки поради контроверзни обвинувања за тероризам. Во август 2020 година, тројца млади активисти обвинети дека припаѓаат на анархистичка група беа осудени на затвор за наводно планирање да го соборат претседателот Владимир Путин. Во февруари истата година, седум млади анархисти и антифашисти беа осудени на затворски казни од шест до 18 години за терористички и други обвиненија.

Многумина рекоа дека биле мачени со електрошокови и тепани во притвор за да ги принудат да признаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП