17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемен профитот на „Tiffany & Co.“

Зголемен профитот на „Tiffany & Co.“

tiffany1

Нето профитот на американската компанија „Tiffany & Co.“ во вториот фискален квартал од оваа година е зголемен за 16 проценти, благодарение на зголемената прoдажба во Кина.

Овој производител на луксузен накит, исто така ја зголеми и својата прогноза за добивката за цела година, наведувајќи ги како причина одличните квартални резултати кои биле далеку подобри од првично очекуваните.

Компанијата „Tiffany & Co.“, позната по своите кутии за накит, во првата половина од оваа година, заклучно со 31 јули, оствари 106,8 милиони долари или 83 центи за акција, во споредба со 91,8 милиони долари од претходниот период минатата година, односно 72 центи за акција.

Приходите на оваа њујоршка компанија се зголемиле за четири проценти, на 925,9 милиони долари, од 886,6 милиони долари, додека продажбата во азиско-пацифичкиот регион се зголемила за 20 проценти, поттикната од силните резултати во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП