23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBlackRock се врти кон тргување со криптовалути

BlackRock се врти кон тргување со криптовалути

Наводно, BlackRock Corporation размислува да вклучи размена на криптовалути во својата понуда до инвеститорите.

Инвестицискиот фонд, кој моментално управува со 10 трилиони долари и обезбедува услуги на клиенти во 100 земји, планира да влезе во крипто-сферата со нудење поддршка на клиентите за време на размената, а потоа да вклучи своја кредитна линија, според неименуван извор.

Одредени клиенти на BlackRock ќе можат да тргуваат со дигитални токени преку платформата Aladdin, која е во сопственост на фирмата за управување со капитал, пишува Capital.com, цитирајќи податоци од CoinDesk.com.

Веќе во јуни, компанијата за управување со капитал почна да вработува луѓе кои ќе работат на блокчејн технологија за платформата Aladdin.

Во последно време, многу инвестициски банкари како Goldman Sachs и Morgan Stanley влегуваат во светот на крипто, внимателно избирајќи ја својата деловна стратегија, па одлуката на BlackRock не е изненадување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП