4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените во САД пораснаа за 7,5 отсто, инфлацијата е највисока во изминатите...

Цените во САД пораснаа за 7,5 отсто, инфлацијата е највисока во изминатите 40 години

Во текот на изминатата година, инфлацијата во САД се искачи на највисокото ниво во последните четири децении, оставајќи екстремни последици во потрошувачкиот сектор. Токму поради ова, Федералните резерви останаа цврсти во својата одлука за зголемување на каматните стапки.

Министерството за труд објави дека потрошувачките цени во изминатиот месец се зголемиле за 7,5 отсто на годишно ниво, што е најголем раст од февруари 1982-ра година, пишува „The Wall Street Journal“.

Проблемите со синџирите на снабдување и недостигот на работна сила, големите износи на државна помош, екстремно ниските каматни стапки и силниот раст на потрошувачката ја комбинираа инфлацијата за да доведе до екстремно забрзување.

Гледано од декември до јануари, инфлацијата порасна за 0,6 отсто, што е повеќе од очекувањата на аналитичарите. Цените се зголемија за 0,7 отсто од октомври до ноември и 0,9 отсто од септември до октомври.

Има малку индикации дека растот на инфлацијата наскоро ќе забави. Многу фактори кои доведоа до драстичен скок на цените во минатата пролет, продолжуваат да влијаат на американската економија. Меѓу нив, најбрзиот раст на платите во изминатите 20 години е веројатно најзначајниот.

Покрај тоа, пристаништата и магацините се преплавени со стока, додека илјадници работници се на боледување поради пандемијата. Како резултат на тоа, има недостиг од производи и делови за производство, а залихите се намалени.

Во изминатата година, наглиот пораст на трошоците за гас, храна, автомобили и мебел целосно ги уништи буџетите на многу Американци.

Во декември, економистите од Универзитетот во Пенсилванија процениле дека просечното домаќинство мора да потроши 3.500 долари повеќе отколку во 2020-та година за да пополни идентична потрошувачка кошница и да плати сметки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП