Францускиот претседател Емануел Макрон го отфрли барањето на Кремљ да направи руски тест за Ковид-19 пред средбата со рускиот лидер Владимир Путин и затоа мораше да држи дистанца за време на состанокот, изјавија за Ројтерс два извори од околината на Макрон.
Двајцата претседатели во понеделникот во Москва разговарале за украинската криза, а на сите им било очигледно дека седат на спротивните краеви на огромна маса долга четири метри, пренесува Гардијан.

