19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија донесе Уредба за ограничување на цената на горивото

Србија донесе Уредба за ограничување на цената на горивото

Владата на Србија на вчерашната седница ја усвои Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати.

Така, максималната малопродажна цена на евро дизелот и евро премиум БМБ 95 ќе изнесува 179 и 171 динар за литар.

– Членовите на Владата ја донесоа Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати со цел да се спречи поголемо нарушување и да се зачува животниот стандард на населението, со оглед на тоа што во претходниот период имаше пораст на цените на овие деривати, што директно влијаеше на цена на сите останати стоки и услуги, се вели во соопштението по седницата.

Оваа одлука на српската влада доаѓа откако Хрватска одлучи да ги замрзне цените на горивата на 30 години, со што спречи нов удар по џебот на граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП