27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРецесијата во Шпанија подлабока од предвиденото

Рецесијата во Шпанија подлабока од предвиденото

shpanija6

Рецесијата во Шпанија, која со себе однесе голем број на работни места, минатата година била подлабока отколку што првично се мислеше, соопшти денес Заводот за статистика во Мадрид.

Во соопштението се наведува дека шпанската економија во 2012 година потонала за 1,6 проценти, а не за 1,4 проценти како што првично се веруваше, пренесува агенцијата Франс прес.

Невработеноста во Шпанија достигна рекордни 27,16 проценти во вториот квартал од оваа година.

Ревидираните податоците од Заводот, исто така, наведуваат дека економијата на Шпанија во 2011 година се зголемила за само 0,1 процент, а не за 0,4 како што покажуваа претходните податоци, додека во 2010 година таа била намалена за 0,3 проценти, односно за 0,1 процентен поен помалку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП