25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД може да ги зголеми каматните стапки 3-4 пати годинава, но нема...

ФЕД може да ги зголеми каматните стапки 3-4 пати годинава, но нема конкретен план

Федералните резерви на САД може да ги зголеми каматните стапки неколку пати оваа година – меѓу три и четири пати, но централната банка на земјата нема конкретен план. Тоа го изјави гувернерот на ФЕД на Атланта, Рафаел Бостич, цитиран од „CNBC“.

Бостич изрази помалку агресивен став отколку на пазарите.

„Во однос на каматните стапки, во моментов планирам три зголемувања за оваа година. Малку сум наклонет кон четири, но ќе видиме како економијата ќе реагира додека ги правиме првите чекори во првиот дел од годината“, рече Бостич.

Во моментов, пазарот очекува најмалку пет или дури шест зголемувања на каматните стапки за 25 базични поени. „Bank of America“ неодамна прогнозираше седум зголемувања бидејќи централната банка се бори со рекордно висока инфлација.

Во неодамнешното интервју за „Financial Times“, Бостич го привлече вниманието на инвеститорите откако посочи дека првото зголемување може да биде 50 базични поени. ФЕД навести дека најверојатно ќе ги зголеми каматните стапки за прв пат по повеќе од три години во март.

„Лично мислам дека има поголема можност да се зголеми за 25 базични поени, но сакам сите да разберат дека секоја опција е можна и не сакам луѓето да мислат дека сме тргнале на конкретен пат во однос на тоа како да се движат стапките во иднина. Ќе дозволиме податоците да ни покажат колку е соодветно зголемување од 50 или 25 базични поени“, рече централниот банкар.

Податоците за инфлацијата во САД треба да бидат објавени во четврток. Потрошувачките цени се очекува да се зголемат за 0,4 отсто на месечна основа во јануари и 7,2 отсто на годишно ниво, според „Dow Jones“. Сепак, Бостич е повеќе загрижен за месечното забрзување на индикаторот.

Пазарот исто така чека колку брзо ќе се намали билансот на ФЕД. Според Бостич, контракцијата може да биде агресивна во раните фази.

„Мислам дека навистина треба да бараме начини да се ослободиме од вишокот ликвидност што пазарот ни покажа дека постои за да одлучиме како треба да изгледа рамнотежата во услови на заострување на нашите политики“, рече Бостич.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП