За повеќето од нас посетата на стоматолог најчесто е најнепосакуваната активност. Тоа најчесто го правиме кога ќе ни се скрши пломба или ќе не заболи заб. Иако имаме различен праг на толеранција кога станува збор за забна болка, отстранувањето на кариесот секако е непријатно.
Но, денес стоматологијата е толку многу напредната, се работи со софистицирана опрема и технологија така што стравот кој постои од одење на стоматолог е крајно непотребен, вели стоматологот Д-р Лилјана Бабамова.
Таа во својата ординација воведе иновативен метод на воздушна абразија со која кариесот се отстранува на комплетно безболен начин, со млаз од воздух и прашак, а може да се користи и кај деца и кај возрасни. “Нема болка, непријатен звук, вибрации и стрес. Методата е многу конфорна, третманот релаксирачки. Освен ваквите придобивки, оваа метода го штеди здравото забно ткиво од прекумерно одземање, а влијае и на квалитетот на финалните изработки. Се третираат лезии, од површни до најдлабоки, а се овозможува и третирање на повеќе заби во една сеанса и тоа без употреба на анестезија. Истовремено праксата потврдува дека пломбите изработени со оваа метода, траат двојно подолго“ вели Д-р Бабанова. Сето погоре набројано, ја прави оваа метода мошне атрактивна за нашите пациенти.
Таа истакнува дека не сме свесни колку се важни забите за општата здравствена состојба, и дека тие влијаат на различни органи во нашето тело. Болестите на устата и забите може да предизвикаат непријатност и болка и да бидат поврзани со други сериозни здравствени проблеми. Половина од луѓето во светот страдаат од орални заболувања, како што се расипување на забите и заболување на непцата, што може да влијаат на секој аспект од животот, од лични односи и самодоверба до функционирање во училиште и на работа.
Посетата на стоматолог не треба да биде само во моментите кога ќе не заболи заб, туку превентивно барем 2 пати во годината. Бидејќи нешто може да не е во ред со забите уште пред ние тоа да го забележиме, сметаат стоматолозите.
Одењето на стоматолог веќе нема да се поврзува само со болка, туку со здрави бели заби и убава насмевка која позитивно делува на нашата самодоверба! Веќе немате основа за изговор! Tel: 02 244 4255