26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАЕУ: Слабата искористеност на вакцината против Ковид-19 во Африка е се поголем...

ЕУ: Слабата искористеност на вакцината против Ковид-19 во Африка е се поголем проблем

Највисоките претставници на ЕУ во средата изјавија дека по неодамнешното зголемување на залихите во африканските земји, главен проблем во борбата против пандемијата е слабата употреба на вакцината против Ковид-19 и најавија дополнителна помош за ублажување на проблемот.

Африканските земји доцнеа со кампањите за вакцинација во споредба со побогатите земји кои ги дадоа првите дози на вакцина кон крајот на 2020 година.

Иако бројот на дози расте експоненцијално во последните неколку месеци, многу земји имаат проблеми со вакцинирањето на населението. На пример, Конго и Бурунди искористиле само 20 отсто од достапните дози, според непрофитната Светска организација за вакцини – Гави.

„Проблемот повеќе не е малиот број на донации“, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан на прес-конференција во Лион. „Проблемот е употребата на вакцини“, додаде тој на крајот од состанокот на кој присуствуваа министрите за здравство и за надворешни работи на ЕУ, чиј домаќин беше Ле Дријан додека Франција претседава со ЕУ.

Дипломатите на ЕУ рекоа дека има неколку причини што ја отежнуваат вакцинацијата во Африка, како што се краткиот рок на траење на вакцината, ограничениот простор за складирање, лошата здравствена инфраструктура и неодлучноста на граѓаните кои се двоумат дали да се вакцинираат.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека ЕУ ќе инвестира дополнителни средства за земјите на африканскиот континент кои заостануваат по бројот на вакцинирани. „Треба да работиме уште понапорно ако сакаме да ја забрзаме вакцинацијата, особено во африканските земји каде стапките на вакцинација се меѓу најниските“, рече таа на конференцијата во главниот град на Сенегал, Дакар.

Таа додаде дека ЕУ ќе одвои уште 125 милиони евра за да им помогне на земјите да обучат медицински персонал и да го вакцинираат населението. За оваа намена членките на Европската унија веќе потрошија 300 милиони евра.

Европската унија сака да и пренесе на Африка нова порака која гласи „со вакцина до вакцинација“, вели фон дер Лајен.

Шефицата на Европската комисија рече дека ЕУ ќе продолжи да испраќа вакцини во Африка. Целта е до лето да се испорачаат 450 милиони дози, што е трипати повеќе од досегашниот број.

Апликацијата на вакцината ќе биде клучно прашање на самитот на лидерите на ЕУ и Африканската унија следната недела во Брисел, рече Ле Дриан.

Гави, кој ја предводи COVAX, најголемата програма за споделување вакцини во светот, вели дека стапката на искористеност на вакцините против Ковид-19 во 99 најсиромашни земја е 67 проценти.

Но, некои африкански земји имаат далеку помал број. Замбија, Чад, Мадагаскар, Џибути, Сомалија, Буркина Фасо и Уганда користеле само една третина од вакцината, според податоците објавени од Гави кон крајот на јануари.

Само 10 проценти од Африканците досега се вакцинирани против Ковид-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП