28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманија: Повеќе пензионери отколку работници

Романија: Повеќе пензионери отколку работници

romanija1

Во Романија, кога после падот на комунизмот таа се откажа од индустријализацијата, создадена е економска аномалија која се рефлектира во поголемиот број на пензионери отколку вработени лица.

Како што пренесува романскиот весник „Журнал Финансиер“, во Романија во 1990 година имало 8,1 милиони вработени лица и 3,5 милиони пензионери, за во 2012 година бројот на вработените лица да биде намален на само 4,3 милиони а бројот на пензионерите зголемен на 5,3 милиони лица.

„Доколку моменталниот тренд продолжи во наредните десет години, Романија нема да може да ги исплатува пензионерите“, смета романскиот економски аналитичар Мирчо Костеа.

Со преминот на Романија на пазарната економија, бројот на вработени во индустрискиот сектор е значително намален, Во еден од најголемите преработувачки сектори во земјата во 1990 година беа вработени 27,000 лица, а денес во истиот тој работат само 8,000 лица.

За време на рецесијата која ја зафати оваа земја во 2009 и 2010 година, стотици илјади работници ја загубија работата и не успеаа повторно да се вработат дури и во економското заживување.

Повеќе од два милиони Романци емигрираа и повеќето од нив работат во странство.

Романскиот претседател Трајан Басеску, претставникот на централната десница, неодамна изрази загриженост поради зголемувањето на стапката на невработени лица од 6,7 проценти колку што изнесуваше во декември 2012 година, на 7,6 проценти во јуни оваа година. Романија стана членка на ЕУ во 2007 година, но нејзината официјална монета сеуште не е еврото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП