Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во средата рече дека правичноста во глобалната вакцинација може да стави крај на пандемијата на коронавирусот предупредувајќи дека луѓето и земјите ја плаќаат цената за нееднаквоста, јавува „Анадолија“.
„Ако сакаме да се осигураме дека сите се вакцинирани за да се стави крај на оваа пандемија, првин мора да донесеме правда во системот“, рече Гутереш.

