Зачувувањето на шумскиот фонд е еден од главните фактори кој придонесува кон намалување на влијанието на климатските промени и глобалното затоплување. Зголемувањето на просечните температури на воздухот сè почесто предизвикува пожари кои прават ненадоместлива штета по шумите и шумскиот фонд. Одтука, сè поголем е предизвикот како да се надомести, обнови и збогати шумскиот фонд и да се превенираат ризиците по животната средина со кои се соочува современиот свет.
Имајќи ја во фокусот својата стратегија за општестена одговорност со посебен акцент на одржливоста и еколошкиот пристап во своето работењето, НЛБ Банка, со цел на своите клиенти да им овозможи персонализирани понуди прилагодени на нивните можности и преференции, во согласност со Законот за заштита на лични податоци, започнa промотивна кампања за обезбедување изјави за согласност за користење на лични податоци за директен маркетинг, под слоганот „Пошумете со еден клик“.

