20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо САД запленети украдени биткоини во вредност од 3,6 милијарди американски долари

Во САД запленети украдени биткоини во вредност од 3,6 милијарди американски долари

Во најголемата финансиска заплена досега, Соединетите држави запленија околу 3,6 милијарди долари во биткоини украдени за време на хакирањето на берзата Bitfinex во 2016 година.

Во акцијата се уапсени две лица, Илја Лихтенштајн и неговата сопруга Хедер Морган. Двајцата наводно „испрале“ 119.754 украдени биткоини откако хакер упаднал во системите на Bitfinex, соопшти американското Министерство за правда, пренесуваат американските медиуми.

„Овие апсења и најголемата финансиска заплена на министерството досега покажуваат дека криптовалутите не се безбедно засолниште за криминалците“, рече заменик-главниот државен обвинител Лиза Монако.

„Во залудниот напор да се одржи дигиталната анонимност, обвинетите переле украдени средства преку лавиринт од трансакции со криптовалути.

Bitfinex е берза поврзана со најголемиот стејблкоин во светот (т.н. „стабилна“ криптовалута), тетер. Во моментот на хакирањето, извлејувањето на дигиталната валута се проценува на околу 71 милион долари, соопшти Министерството. Тие тврдат дека вкупната вредност на украдениот биткоин сега вреди околу 4,5 милијарди долари.

Според американското Министерство за правда, парот користел софистицирани техники, вклучително и фиктивни идентитети за поставување онлајн сметки, користење компјутерски програми за автоматизирање на трансакциите (техники за перење пари кои овозможуваат многу трансакции да се случат во краток временски период), депонирање на украдени средства на сметки на различни виртуелни менувачници и даркнет пазари, а потоа повлекување на средствата“.

Купале злато и Walmart картички за подарок

Лихтенштајн (34) и Морган (31) исто така насочиле пари преку пазарот AlphaBay, кој беше затворен во 2017 година, за да ги сокријат своите трансакции. Дел од парите се искеширале преку банкомати за биткоин. Некои биле искористени за купување NFT и злато. Тие дури ги искористиле парите за да купат подарок картичка на Walmart.

Во август 2016 година, Bitfinex пријави прекршување на безбедноста и ги запре сите тргувања, исплати и депозити. Компанијата подоцна откри во блог пост дека на некои од нејзините корисници им биле украдени биткоини и дека кражбата била пријавена во полиција.

Лихтенштајн и Морган се соочуваат со 20 години затвор под обвинение за перење пари. Покрај тоа, тие се соочуваат со дополнителна казна до пет години за заговор за измама во САД, се вели во соопштението на Министерството за правда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП