16 април, 2024
ПочетнаКОРОНАДиректорот на Министерството за здравство на Израел: Ковид-19, веројатно, никогаш нема да...

Директорот на Министерството за здравство на Израел: Ковид-19, веројатно, никогаш нема да исчезне

Генералниот директор на Министерството за здравство на Израел, Нахман Еш, денеска изјави дека Ковид-19 веројатно никогаш нема да исчезне додека новата потподелба на омикрон БА.2 продолжува да се шири во светот.

„Новооткриениот коронавирус не исчезна и, најверојатно, нема ни да исчезне“, рече Еш.

Потвидот на омикрон, за кој се верува дека е позаразен од веќе високозаразниот омикрон, сè уште е застапен кај мал број случаи во Израел.

„Постојано ќе се појавуваат нови варијанти. Важно е да се обидеме да бидеме подготвени, да ги следиме новите соеви и да процениме колку тие може да бидат опасни“, рече генералниот директор на израелското Министерство.

Речиси 44.000 нови случаи на инфекција со коронавирус се регистрирани во понеделникот во Израел, направени се околу 182.000 теста, а позитивноста е 24 отсто, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Ова е 36-та недела по ред како во таа земја се дијагностицираат повеќе од 10.000 случаи на инфекција дневно, јавуваат израелските медиуми.

Од почетокот на пандемијата во Израел починале 9.226 луѓе.

Повеќе од 673.000 Израелци ја примиле четвртата доза од вакцината против коронавирусот, околу 4.450.000 примиле три дози, а нешто повеќе од 6.100.000 примиле две дози од вкупното население од 9,4 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП