25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЖена му го пратила по пилешко, а тој се вратил со 100.000...

Жена му го пратила по пилешко, а тој се вратил со 100.000 долари

Семејство од Мериленд, САД, почетокот на 2022 година ќе го памети по еден прекрасен настан. Американката го испратила својот сопруг во продавница за да земе печено пилешко, а тој покрај пилешкото, на автомат купил и среќка од лотарија, и дома донел 100.000 долари.

„Жена ми ме испрати во продавница за да купам готово пилешко за вечера“, изјави среќниот добитник од Хагерстаун на претставниците на лотаријата Мериленд.

Откако ја купил вечерата, застанал на автоматот за лотарија, пишува CNN.

„Отидов до автоматот за Mega Millions џекпот, ставив 20 долари и купив билет за Mega Millions за 10 долари.

Додека вечерале, мажот ја проверил „среќката“ и сфатил дека добил нешто, но не бил сигурен колку е.

„Мислев дека освоив најмалку 10 долари за да си ги вратам парите“, рече тој. За да го провери статусот, тој го скенирал тикетот со помош на апликацијата Maryland Lottery на неговиот мобилен телефон и открил дека освоил 100.000 долари.

„Во еден момент изговори еден куп зборови на кои нашите деца не беа навикнати во нормални околности. Мислеа дека нешто го вознемири“, им кажала сопругата на службениците на лотаријата.

Следеше голема прослава, а парите му беа исплатени на 28 јануари во седиштето на лотаријата во Балтимор.

Парите семејството ќе ги потроши за летување, отплата на долгови, поправки на домот, а можеби и за набавка на нов телевизор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП