23 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕТајната за долговечноста на кралицата Елизабета: Поради ова таа е витална во...

Тајната за долговечноста на кралицата Елизабета: Поради ова таа е витална во 95-та година!

Со децении се храни исто, а еве кои намирници ги избегнува по секоја цена.

Ако се прашувавте во што се крие тајната на нејзината виталност и долговечност, го имаме одговорот.

Генетика

Мајката на кралицата Елизабета живеела 101 година. Иако Елизабета е 5 години од заокружената бројка, многумина се убедени дека ја чека истата судбина како нејзината мајка.

Начин на живот

Таа ги избегнува сите штетни навики, како пушењето и алкохолот.

Никогаш не престана да работи

Кралицата има многу обврски и нема намера да застане. Државни посети, хуманитарни акции, разни церемонии, сето тоа го постигнува и за време на пандемијата. Научниците велат дека овој начин на живот го одржува мозокот витален и млад.

Здрава исхрана

Со сите оние врвни готвачи кои секогаш и се на услуга, на кралицата не и е тешко да јаде добро. Таа најмногу ужива во едноставни јадења.

За појадок јаде корнфлејкс со сушено овошје и јаткасти плодови. Ручекот и вечерата се претежно лесни, најчесто пилешко или риба со зеленчук.

Во едно интервју, нејзиниот личен готвач откри дека кралицата се храни многу здраво во приватни прилики. Исто така, избегнува тестенини и компири доцна навечер.

Многу одење

Кралицата и на 95 години е многу активна и во добра форма. Таа секојдневно оди на долги прошетки за да остане физички активна.

Пиење чај

Секако, како и сите Британци, така и кралицата Елизабета сака чај. Секое утро започнува со една шолја зелен чај. Познато е дека е полн со антиоксиданси кои помагаат во обновата на телото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП