16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШопинг лудило: Чесите упаднаа во полските продавници

Шопинг лудило: Чесите упаднаа во полските продавници

Бројни Чеси упаднаа во полските продавници откако полската влада привремено го укина ДДВ-то за голем број основни намирници.

Чешките медиуми го нарекоа „шопинг лудило“, а некои „нападот“ го опишаа како мала „миграција на луѓе“.

Во Полска, од 1-ви февруари, некои основни прехранбени производи како лебот, месото и млечните производи се ослободени од ДДВ, мерка што треба да биде на сила во следните шест месеци.

Полската влада го пропиша како одговор на наглиот пораст на цените. Стапката на инфлација во декември достигна 8,6 отсто во однос на истиот месец во 2020-та година.

„Ова се однесува на речиси сè“, изјави чешкиот купувач од пограничниот град Чески Тесин за „MF Dnes“ пред продавница во полскиот град Чиезин.

Многу чешки купувачи, исто така, ги наполнија резервоарите на своите автомобили во Полска, бидејќи Варшава привремено го намали данокот на гориво од 23 на осум проценти.

Во исто време, трговците на мало во чешкиот пограничен регион се жалат на големи загуби од продажбата.

„Кај нас најмногу купуваат половина леб“, вели за „Blesk“ продавач од Петровица во Карвине.

Чесите кои одат на шопинг во Полска се веројатно делумно мотивирани од наглиот пораст на цените дома во последно време. Цените во декември се зголемени за 6,6 отсто во однос на декември 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП