5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„DS“ покажа суперавтомобил со технологија од Формула Е (ФОТО/ВИДЕО)

„DS“ покажа суперавтомобил со технологија од Формула Е (ФОТО/ВИДЕО)

Палетата „DS“ се состои од седани, кросовери и теренци, но нема чистокрвен спортски автомобил. Француската компанија веќе размислуваше за ова уште во 2016-та година, кога на саемот во Женева го претстави концептуалниот прототип „E-Tense“. Сега е подложен на развој за да стане „E-Tense Performance“.

Електричниот автомобил е развиен со помош на технологиите на Формула Е, а идејата е да стане главен модел на марката. Тој е пофутуристички од оригиналниот „E-Tense“, дизајниран од „DS Design Studio Paris“, и е заснован на монокок од јаглеродни влакна.

Предниот дел открива нов стил со потенки и поостри „LED“ фарови кои „оживуваат“ кога ќе го отклучите автомобилот од далечина. Светлата имаат 800 посебни „LED“ диоди, додека каросеријата е уште поаеродинамична со промена на формата и додавање на нови тркала од 21 инчи. Површината е толку сложена што се чини дека бојата на автомобилот се менува во зависност од аголот од кој гледате на него.

Во кабината има спортски седишта и волан преземен од болид на Формула Е, како и кожен тапацир и многу технологии – како што е аудио системот „Focal Utopia“.

Подобрувањата влијаеја не само на изгледот, туку и на возењето. Тука може да се види наследството на Формула Е – два електромотори со вкупна моќност од 815 ks и 8.000 Nm вртежен момент на тркалата. „DS E-Tense Performance“ користи систем за обновување на енергија способен да регенерира до 600 kW.

Заслугата за овие импресивни бројки е на батеријата развиена од „DS“ заедно со „TotalEnergies“ и нејзината подружница „Saft“. Пакетот батерии користи иновативен хемиски состав и нов систем за ладење, што всушност овозможува достигнување моќност од 600 kW при полнење.

Оваа технологија, заедно со основните дизајнерски елементи, ќе дебитира во следниот сериски модел на „DS“. Во меѓувреме, возачите Жан-Ерик Верн и Антонио Феликс да Коста (и двајцата шампиони во Формула Е) ќе продолжат со тестирање на електричниот автомобил за да соберат повеќе податоци кои ќе бидат потребни за да се заврши неговиот развој. Сепак, не е јасно кога и дали „E-Tense Performance“ ќе стане сериски модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП