19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСеверна Кореја финансира ракетна програма од украдени криптовалути

Северна Кореја финансира ракетна програма од украдени криптовалути

Хакери од Северна Кореја украле криптовалути вредни милиони долари кои ја финансирале ракетната програма на земјата, се вели во извештајот на Обединетите нации, пренесува BBC.

Помеѓу 2020 и средината на 2021 година, севернокорејските хакери украле криптовалути во вредност од повеќе од 50 милиони долари, открија истражителите на ОН. Ваквите напади се „важен извор на приходи“ за нуклеарната и балистичка ракетна програма на Пјонгјанг, велат тие. Истражителите ги предадоа своите наоди на Комитетот за санкции на ОН.

Сајбер нападите беа насочени кон најмалку три берзи за криптовалути во САД, Европа и Азија.

Во извештајот се наведува и студија објавена минатиот месец од компанијата Chainalysis, според која сајбер нападите минатата година во Северна Кореја би можеле да донесат дури 400 милиони долари.

Во 2019 година, ОН објавија дека Северна Кореја собрала околу 2 милијарди долари во сајбер напади за нејзината програма за оружје за масовно уништување.

Советот за безбедност на ОН и забрани на Северна Кореја да врши нуклеарни тестови и да лансира балистички ракети.

Сепак, во извештајот на ОН се вели дека Северна Кореја, и покрај санкциите, успеала да продолжи да ја развива својата нуклеарна инфраструктура и програма за балистички проектили.

Контролорите на санкциите рекоа дека Пјонгјанг значително го забрзал ракетното тестирање.

Соединетите Држави објавија во петокот дека Северна Кореја извршила девет ракетни тестови само минатиот месец. Кина и Русија одбија да потпишат изјава предложена од САД, со која се осудува лансирањето ракета во Северна Кореја.

Во извештајот на ОН се наведува и дека хуманитарната ситуација во Северна Кореја продолжува да се влошува и дека тоа веројатно е резултат на одлуката на земјата да ги затвори границите за време на пандемијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП