21 април, 2025
ПочетнаКОРОНАЕпидемиолошка енигма - што се случува во Израел?

Епидемиолошка енигма – што се случува во Израел?

Во следните неколку дена треба внимателно да се следи епидемиолошкиот развој на ситуацијата во Израел.

Експертите се уште не излегле со оценки за ситуацијата бидејќи е крајно деликатна, па дури и малку застрашувачка затоа што ова е земја која многу значаен дел од населението сe вакцинираше не само со третата, туку и четвртата доза од вакцината Фајзер, но сепак со бранот на омикрон имаа експлозија од случаеви, далеку повеќе од просекот на ЕУ или САД.

Во моментов, се чини дека трендот на брз пад на случаите се зацврсти, но сега кривата на смртност расте.

Во бранот на омикрон, Израел изброил неверојатни 10.968 случаи на милион за еден ден, што е 4 пати повеќе од врвот на бранот на омикрон во ЕУ или 5,5 пати повеќе од највисокиот број регистриран во САД.

Израелските податоци сега покажуваат дека воопшто нема сомнеж дека дури и третата и четвртата доза не се гаранција за запирање на ширењето на инфекцијата.

Дури се поставува прашањето дали големиот јаз меѓу третата и четвртата доза е на некој начин поврзан со забрзувањето на инфекцијата затоа што Израелците можеби премногу се опуштиле верувајќи во бустерите или е нешто друго.

Што се однесува до бројот на починати во Израел, ситуацијата се уште не е толку драматична, но очигледно е дека тие се уште се во силен тренд на раст и веќе ги надминаа ЕУ и САД по дневен број на починати.

Во средината на оваа недела, според „Јерусалим пост“, направени се повеќе од 200.000 тестови, а дури 29 отсто биле позитивни.

Во моментов тие изброиле вкупно нешто повеќе од 9.000 смртни случаи, но сега тој број почна да се зголемува за стотина дневно. Најпознатите клиники се полни меѓу 90 и 108 проценти. Повеќе од 6.100 лекари и медицински сестри се во изолација.

Никогаш немало повеќе пациенти во болниците. Од речиси 6.000 хоспитализирани, дури 47 отсто се во критична состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП