2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКамионџија од Балканот поминал повеќе од 40.000 километри без дозвола низ Европа

Камионџија од Балканот поминал повеќе од 40.000 километри без дозвола низ Европа

55-годишен маж во камион поминал дури 42.600 километри низ Европа без возачка дозвола.

Австриската полиција во Салцбург исклучилa од сообраќај возач на камион од БиХ, кој немал валидна C+E дозвола, информираат медиумите во регионот.

Дозволата истекла на 19 октомври минатата година. Оттогаш, 55-годишникот поминал дури 42.600 километри низ Европа со камион, а полицијата била изненадена што претходно не бил фатен.

Возачот бил забележан од полицајците бидејќи со брзина од 90 километри на час во голема мера го надминал безбедносното растојание од најмалку 50 метри потребно за тешки возила. Наместо тоа, од полицијата изјавиле дека тој се држел само десет метри од возачот напред. При преглед на возилото биле откриени повеќе проблеми.

Имено, камионот имал гуми со погрешна големина, поради што брзиномерот покажувал помала брзина од онаа што всушност ја возел. Полициските службеници констатирале сериозни прекршувања на доказите за одмор на возачот.

Возачот бил спречен да продолжи да вози. Камионот бил паркиран од полицијата, која поставила бариера за да спречи понатамошно возење. Фабриката од БиХ, за која работи човекот, морала да го замени возачот и повторно да ја провери исправноста на возилото.

Казна од 3.000 евра мора да платат и возачот и сопственикот на камионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП