1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSociete Generale поттикнува 420 вработени на доброволен отказ

Societe Generale поттикнува 420 вработени на доброволен отказ

societegenerale11

Француската банка „Societe Generale“ планира, во рамките на планот за намалувањето на бројот на вработени во седиштето во Париз, да поттикне околу 420 работници на доброволен отказ, објавија од компанијата.

Француската банка, исто така, размислува за преместување на вработените во Романија поради намалување на трошоците, се наведува во извештајот од компанијата.

„Societe Generale“ настојува да ги намали трошоците и да ја зголеми добивката во услови на сеуште неизвесното закрепнување на еврозоната.

„Вработените не се воодушевени од понудата за доброволен отказ…. за ваквата понуда интерес покажале само 170 работници“, велат од синдикатот на вработените.

Банката, исто така, од консултантската компанија „Accenture“ побара да изработи детален план за преместувањето на вработените во Романија, пренесува Франс прес. Француските весници објавуваат дека околу 200 вработени ќе бидат преместени.

Портпаролката на Банката изјави дека сеуште е рано да се потврдуваат точните бројки на вработените кои ќе бидат преместени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП