9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Carlsberg“ планира да ја зголеми цената на своето пиво

„Carlsberg“ планира да ја зголеми цената на своето пиво

Данската пиварница „Carlsberg“ планира да ја зголеми цената на своето пиво за да ги надомести зголемените трошоци за суровини, што потенцијално може да влијае на продажбата на пиво во текот на оваа година, соопшти компанијата.

Третата по големина компанија за пиво во светот објави поголема продажба од очекуваната во четвртиот квартал, но рече дека очекува органскиот раст на оперативниот профит оваа година да биде под минатогодишното ниво.

„Значајно повисоките трошоци и континуираното влијание на Ковид-19 ќе бидат предизвик во 2022-ра година“, рече извршниот директор Сес’т Харт.

Трошоците за хектолитар минатата година се зголемија за 10-12% поради повисоките цени на суровините и транспортот. Компанијата има намера да ги надомести своите повисоки трошоци со зголемување на цените, иако тоа би можело да има „негативно влијание врз потрошувачката на пиво“.

„Carlsberg“ очекува органскиот раст на оперативната добивка да биде 0-7% во 2022-ра година, во споредба со 12,5% во минатата година.

„Очекуваме поинаква ситуација оваа година и затоа имаме релативно широк опсег на финансиски насоки“, рече извршниот директор.

Од „Carlsberg“ велат дека ќе се обидат да го надминат својот основен пазар на пиво во следните пет години. За таа цел, ќе се фокусира на категории на производи како јаболково и безалкохолно пиво, како и на врвните брендови како што се „1665 Blanc“ и „Grimbergen“, за кои тврди дека создаваат повисоки профитни маржи.

Приходите од продажба во четвртиот квартал достигнаа 15,2 милијарди круни (2,34 милијарди долари) во споредба со 14,7 милијарди круни, според аналитичарите.

„Carlsberg“ откри дека ќе понуди дивиденда од 24 круни по акција, или вкупно 3,4 милијарди круни, што е раст од 9% на годишна основа.

Компанијата, исто така, започна програма за откуп на акции од 1 милијарда круни, која ќе трае до 22-ри април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП