Иако аналитичарите очекуваа дека растот на инфлацијата во еврозоната ќе забави овој јануари, сепак се случи спротивното – го урна декемврискиот рекорд.
Наместо да се намали на 4,4 отсто, таа се зголеми на 5,1 отсто, со што ја надмина стапката на раст на цените од последниот месец од 2020 година за 0,1 отсто. Со други зборови, трошоците за живот во монетарната унија толку се зголемија во јануари, барем според блиската проценка на Европското биро за статистика Евростат. Ваквото зголемување на цените беше предводено најмногу од повисоките цени на енергијата, храната, алкохолот и тутунот, пишува CNBC.

