25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндија со милијарди ќе ја заживува економијата

Индија со милијарди ќе ја заживува економијата

India Daily Life

Индиската влада ги одобри инфраструктурните проекти вредни 28,4 милијарди долари со цел заживување на економијата и поддршка на домашната валута, која е во опаѓање.

Индискиот министер за финансии П. Чидамбарам изјави дека се одобрени 36 проекти во областа на нафтата, гасот, електричната енергија, патиштата и железницата.

„Праќаме порака дека започна новиот инвестициски циклус и дека ние го поддржуваме“, изјави министерот на денот кога индиската валута се намали на новото рекордно ниско ниво од 65,5 рупии за долар. Неодамнешниот обид да се намали нестабилноста на валутниот пазар не беше успешен.

Чидамбарам, исто така, се обиде да ги ублажи стравувањата околу влијанието на законот за храна на државните финансии. Законот, кој синоќа беше одобрен, има за цел да обезбеди субвенционирана храна за две третини од населението, со цел да се искорени проширениот глад во Индија.

Таа програма, сепак, ќе чини 23,9 милијарди долари годишно, што според мислењето на бројни критичари, ќе ја погоди индиската економија. Министерот сепак тврди дека владата нема да го надмине целниот фискален дефицит.

Третата според големина азиска економија напредуваше со темпо од пет проценти во финансиската 2012/13 година, што е најбавното темпо во последните десет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП