21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTelecom Austria го зголемува капиталот за да ја зајакне позицијата на Балканот

Telecom Austria го зголемува капиталот за да ја зајакне позицијата на Балканот

telecomaustria1

„Telecom Austria“ има за цел да обезбеди 500 милиони евра свеж капитал за купување на нови фрекфенции на аукцијата во септември, објавува денес весникот „Дер Стандард“.

„America Movil“ која е во сопственост на мексиканскиот милијардер Карлос Слим, сопственикот на 24 проценти од акциите, веќе сигнализираше дека е подготвен да учествува во прибирањето на планираните капитални средства. Во „Telecom Austria“ сега сакаат да знаат дали тоа ќе го стори и австриската влада и со тоа да го зачува својат 28 процентен удел, пишува „Дер Стандард“.

Според денешниот објавен извештај, за износот од 500 милиони евра се дискутирало на седницата на надзорниот одбор пред две недели.

Во „Telecom Austria“ не сакаа веднаш да коментираат за објавените податоци во весникот.

„Дер Стандард“ го цитираше Рудолф Кемлер, шефот на австрискиот државен холдинг „ÖIAG“, кој изјави дека сеуште не е одлучено колкав е износот на капиталот кој е потребен, но дека тој нема да дозволи да се намали уделот на државниот холдинг во „Telecom Austria“.

Аналитичарите проценуваат дека „Telecom Austria“ ќе треба да обезбеди најмалку 300 милиони евра за нови фреквенции, за да им овозможи на компаниите да се воспостави мобилна мрежа од четвртата генерација.

Во средината на јули извршниот директор на „Telecom Austria“, Ханес Аметстритер изјави дека компанијата е во потрага за превземање на компании од Хрватска и Србија кои ќе му овозможат да стане водечки играч на Балканот.

Како интересни компании тој ги издвои хрватскиот оператор „H1 Telekom“ и српскиот кабелски оператор „SBB“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП