6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако се прават евро кованиците според правилата на ЕУ? Никола Тесла ќе...

Како се прават евро кованиците според правилата на ЕУ? Никола Тесла ќе стои на хрватските банкноти

Секоја земја има можност да има национален мотив на едната страна од паричката, а во Хрватска се искристализираа следните предлози: мотивите ќе бидат шаховска табла, и тоа на сите монети, потоа картата на Хрватска, куните, Никола Тесла и глаголицата.

Основата ќе биде шаховската табла, а потоа картата на Хрватска на банкнотата од две евра, куни на банкнотата од едно евро, Тесла за 50, 20 и 10 центи. Глаголицата, на која ќе пишува HR со 5, 2 и 1 цент, беше откриена уште порано, по што беше распишан конкурс, кој беше анонимен.

Сепак, Народната банка на Србија смета дека евентуалното поставувањето на ликот на Никола Тесла на националната страна на паричката на еврото, доколку Хрватска стане членка на еврозоната во наредниот период, би претставувало присвојување на културното и научното наследство на српскиот народ, со оглед на тоа дека тој се декларирал како Србин по потекло и раѓање.

Како се дизајнира паричката и какви се правилата на ЕУ

Дизајнот на банкнотите на еврото е ист без разлика во која земја се печати, посочуваат од централната банка.

Прашањето за дизајн на евро монетите е регулирано со Регулативата на Советот на ЕУ за апоени и технички спецификации на монетите евра наменети за оптек.

Според споменатата регулатива, монетите евра имаат една заедничка (европска) страна, која е иста на сите евро монети (аверс) и другата национална (реверс), која се разликува од земја до земја и која носи ознака на членка на ЕУ држава.

На националната страна на монетата евро мора да има круг составен од 12 ѕвезди (симбол на ЕУ) кои целосно го опкружуваат националниот дизајн. Во рамките на овие 12 ѕвезди, земјата-членка самостојно одлучува за мотивите што ќе ги претстави.

На пример, Италија има монети од 2 евра на кои е прикажан портрет на Данте Алигиери (од Рафаело) и монета од 1 евро на која е прикажан цртеж на Леонардо Да Винчи кој ги покажува идеалните пропорции на човечкото тело.

Грција има мозаична сцена на монетата од 2 евра во Спарта (трет век н.е.) на која е прикажана божицата Европа киднапирана од Зевс во облик на бик и монета од 1 евро на која е прикажан був по модел на стара атинска монета од 4 драхми.

Државите обично формираат комисии (уметници, нумизматичари, гравери, политичари) кои го избираат националниот дизајн на монетата евро во конкуренција со голем број предлози.

За националниот дизајн на монетата евро одлучува земјата-членка на ЕУ која го користи еврото како заедничка валута.

Дизајнот на монетата евро може да се промени по истекот на 15-годишниот период, освен ако дојде до промена на шефот на државата или доколку тоа го налагаат причини за спречување на фалсификување на монетите, со што е можно да се промени дизајнот пред истекот на наведениот рок.

Земјата-членка има обврска да ги информира другите членки за нацрт-дизајнот на новите национални страни на монетите евра, а барањето за одобрување на дизајнот се поднесува до Советот на ЕУ.

Советот на ЕУ ќе го одобри дизајнот на националната страна на монетата на еврото доколку се исполнети техничките услови и доколку нема забелешки од другите земји-членки кои го користат еврото како заедничка валута.

Во случај да има приговори (а тие се можни доколку предложениот дизајн на националната страна на една држава може да предизвика неповолни реакции кај граѓаните на друга земја-членка), Советот на ЕУ одлучува да го прифати или одбие барањето со квалификувано мнозинство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП