28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈанша: Членството во ЕУ е единствената позитивна перспектива за Западен Балкан

Јанша: Членството во ЕУ е единствената позитивна перспектива за Западен Балкан

Словенечкиот премиер Јанез Јанша рече дека проширувањето на ЕУ со Западен Балкан е единствената позитивна перспектива за регионот.

Тој додаде дека проширувањето, исто така создава некои други причини за спорови и конфликти кои се помалку важни.

„Со членството во ЕУ, прашањето каде се границите и кој беше во неповолна положба во минатото се оттргнува, а до израз доаѓа заедничката иднина “, изјави Јанша за италијанската државна телевизија.

Како што информираат од кабинетот на премиерот, Јанша кажал дека Словенија, кога станува збор за ситуацијата во Украина, заедно со другите европски земји, споделува загриженост за зачувување на мирот во источното соседство.

Јанша истакнал дека Словенија и другите европски земји се цврсто на ставот дека секоја земја има право самостојно да одлучува за својата надворешнополитичка ориентација, вклучително и членството во ЕУ и НАТО.

Од кабинетот на словенечкиот премиер додаваат дека Јанша изјавил дека трети земји, во случајов Русија, немаат право на вето на одлуката на еден народ за самоопределување, пренесуваат словенечките агенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП