понеделник, 3 октомври 2022
ПочетнаЗДРАВЈЕНамалете го крвниот притисок со неколку едноставни начини

Намалете го крвниот притисок со неколку едноставни начини

Намалете го внесувањето на сол

Колчичината сол која ја внесувате преку вашата исхрана е прашање на навика. Затоа немојте да додавате сол во секоја храна. Не прекинувајте одеднаш туку постепено намалувајте ја количината сол што ја додавате. Постепените промени се прифаќаат многу полесно. Наместо сол можете да додадете целер, босилек, оригано, рузмарин, бибер, нане, пиперка, лук, лаворов лист, ѓумбир, сок од лимон.

Урамнотежена исхрана

Вашата исхрана треба да биде едноставна и природна. Исхраната треба да се базира на разновидно овошје и зеленчук, интегрални житарки, млеко со помала масленост, риба. Избегнувајте сувомеснати производи, мајонез, маргарин, чипсови, газирани пијалаци и сокови полни со конзерванси.

Редовни оброци

Многу е важно оброците да ви бидат редовни: појадок, ручек и вечера, а за ужина овошје. Тоа значи повеќе, но помали оброци. Појадокот е особено важен бидејќи со него го почнуваме денот. Tој има големо влијание врз создавањето енергија, бистри мисли и ведриот дух. Ручекот е главното јадење со кое задолжително треба да јадете и салата. Поовој оброк наместо да легнете, прошетајте малку. Вечерата треба да биде лесна и да биде најмалку два часа пред спиење.

На претходно споменатите правила ќе ги додадеме и следниве: алкохол консумирајте умерено, бидете повеќе физички активни и одржувајте некоја нормална телесна тежина. Последно, но не и помалку важно е да се откажете од цигарите.

На самиот почеток нема да биде идеално, но важно е да бидете одлучни, да имате волја и да го почнете процесот на создавање здрави навики во својот живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП