20 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАДевојче од Германија девет месеци било позитивно на тестот за корона на...

Девојче од Германија девет месеци било позитивно на тестот за корона на антиген тестот

Брзиот антиген тест за коронавирус во случајот на 15-годишната Ева Валрабенштајн од Хановер покажuvа позитивен резултат веќе девет месеци. Но, кога се тестира со PCR тест, резултатот е секогаш негативен. Лекарите се уште не можат да ја најдат причината, а тинејџерката има проблеми секогаш кога прави брз тест за коронавирус, пренесува RTL.

Ева беше тестирана за прв пат во училиште со брз тест за коронавирус на 13 април 2021 година. Тестот покажал позитивен резултат по што ја повикалe мајка си Кристина да ја земе од училиште.

И тогаш започнува маѓепсаниот круг. Ева оди на ПЦР тест и во карантин додека не дојде резултатот. Три дена подоцна, дознава дека нема коронавирус. Следниот ден се враќа на училиште и наутро се тестира за корона со брз тест. Резултатот повторно бил позитивен.

„Беше многу непријатно, стресно. Не можев ништо да направам “, рече 15-годишното момче.

После тоа, истото се повторувало со недели, а таа пробала дури 30 различни брзи тестови за коронавирус, но сите дале позитивен резултат.

Лекарите се уште не ги утврдиле причините зошто девојчето е позитивно само на антиген тестот, а на почетокот никој не и верувал. Таа мораше да направи неколку тестови во присуство на учител или лекар за навистина да поверуваат во резултатите од тестот.

„Ни рекоа дека може да има лажно позитивни тестови, дека може да направиме погрешен тест итн. На почетокот никој не ни веруваше. Во последните девет месеци ќерка ми неколку пати беше ставена во карантин, пропушти голем број на часови и не можеше да се дружи со пријателите затоа што да се биде активен во јавниот живот е возможен само со брз тест или дополнителна вакцинација“, објаснила мајката на девојчето.

Таа додава дека верувала дека тоа никогаш нема да престане и дека никој не можел да најде причина зошто брзите тестови секогаш покажуваат дека девојката е позитивна на корона.

Во меѓувреме, управата на училиштето ја ослободила 15-годишната од обврските за тестирање, а таа примила две дози од вакцината.

„Мислевме дека тоа ќе помогне и некое време таа ја имаше својата слобода додека властите не го воведоа правилото 2G плус. Сега се е одново. Ева сега може да ја прими третата, бустер доза, а потоа ќе имаме мир додека не се појави новото правило 2G плус плус со ѕвезда“, вели резигнираната и разочарана мајка на девојчето од Хановер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП