1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна нов „SUV“ модел – „Aston Martin DBX 707“ (ФОТО/ВИДЕО)

Пристигна нов „SUV“ модел – „Aston Martin DBX 707“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Aston Martin“ ја претстави најмоќната верзија на својот „SUV“ модел – „DBX“.

Како што сугерира името, „DBX 707“ под хаубата крие мотор со 707 ks и максимален вртежен момент до 900 Nm.

Сепак, не е V12 моторот по кој е познат „Aston Martin“, туку 4.0 V8 twin-turbo моторот на „AMG“, кој британскиот производител на луксузни спортски автомобили долго време го користи во своите модели.

Во случајот со верзијата „707“, овој мотор е дополнително зајакнат со 157 ks и 200 Nm во однос на обичниот „DBX“.

Благодарение на тоа, „Aston Martin“ се најде на врвот на понудата на скапи „SUV“ модели кога станува збор за моќноста и перформансите на моторот, оставајќи ги зад себе моделите како „Lamborghini Urus“ (650 ks) и „Bentley Bentayga Speed“ ​​(635 ks).

Инаку, масивната сила на овој „Aston Martin“ се пренесува на сите четири тркала преку 9-степен автоматски менувач, а автомобилот „спринтира“ од 0 до 100 km/h за само 3,2 секунди, додека максималната брзина е 310 km/h, што е исто така пред конкуренцијата, бидејќи максималната декларирана брзина на „Bentley Bentayga Speed“ ​​е 306 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП