8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКругман: „Гледам непријатни паралели помеѓу криптовалутите и хипотекарниот пазар во 2007 година“

Кругман: „Гледам непријатни паралели помеѓу криптовалутите и хипотекарниот пазар во 2007 година“

Добитникот на Нобелова награда, економист Пол Кругман предупреди на нестабилниот пазар на криптовалути, споредувајќи ја сегашната ситуација со колапсот на хипотекарното кредитирање во доцните 2000-ти.

Авторот на серија книги, поранешен предавач на најпрестижните американски универзитети како Принстон и МИТ, редовно ги објавува своите коментари во Њујорк Тајмс.

Во една неодамнешна статија, Кругман предупреди дека „гледа непријатни паралели“ меѓу криптовалутите и падот на американскиот пазар на хипотекарни кредити, што доведе до колапс на американскиот пазар на домување и ја предизвика глобалната финансиска криза од 2007-2008 година.

Хипотекарната криза беше резултат на тоа што банките им даваа кредити на луѓе со ниски приходи во време кога каматните стапки беа ниски, а цените на куќите растеа. Откако пазарот стана презаситен, цените почнаа да паѓаат, а во исто време сè повеќе должници не беа во можност да ги подмират обврските за заем: делумно поради зголемувањето на каматните стапки, а делумно и поради недостатокот на приходи. Со препродажбата на кредити на банките ширум светот, кризата се прошири и стана светска финансиска криза.

Кругман тврди дека на инвеститорите во криптовалути на сличен начин се продаваат финансиски производи без вистинско разбирање за ризикот. Тој не е љубител на криптовалути.

Биткоинот и другите дигитални валути драстично паднаа во последните денови. На својот врв, пазарот на криптовалути вредеше вкупно три трилиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП