28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМадона со најголеми приходи меѓу славните

Мадона со најголеми приходи меѓу славните

madona1

Мадона се најде на врвот на листата на славните личности според приходите кои ги оствари (125 милиони долари) во минатата година, најголем дел благодарение на турнеите одржани во целиот свет, но и на нејзините парфеми, облеката и останатите инвестиции од нејзина страна, објави Форбс.

На второ место е Стивен Спилберг со 100 милиони долари, кои ги заработи благодарение на „старата слава“ и филмовите „Е.Т“, „Паркот Јура“, но и големиот хит од минатата година „Линколн“.

Успехот на Мадона на 55 години само ја покажува неверојатна моќ на успешна музичка кариера, изјави репортерката на Форбс, Дороти Померантз.

Форбс прави годишен список на заработувачки на познатите, така што користи податоци за приходите од нивните агенти, менаџери и продуценти, не пресметувајќи ги даночните олеснувања, хонорарите на агентите и другите трошоци.

Меѓу десетте славни лица кои најмногу заработија во изминатата година се најде и писателот Џејмс Патерсон, за кој Форбс вели дека е најпродаваниот автор на сите времиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП