5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook повторно вреди над 100 милијарди долари

Facebook повторно вреди над 100 милијарди долари

facebook-money

Пазарната капитализација на социјалната мрежа „Facebook“ вчера ја надмина границата од 100 милијарди долари, достигнувајќи 101 милијарди долари во почетокот на берзанското тргување.

Акциите имаа раст од околу 2 проценти  на цена од 41.34 долари, со која пазарната вредност на компанијата изнесува 100.68 милијарди долари.

„Facebook“ се проценуваше на 100 милијарди долари еден месец пред да стане јавна компанија во мај 2012-та година. Компанијата првично доби 16 милијарди долари од своето ИПО на акции, што и даде пазарна оценка од над 104 милијарди долари. Во месеците потоа, сепак пазарната капитализација на компанијата се намали значително.

Цената на акциите го достигна дното од 17.55 долари на почетокот на септември, поради стравувањата во врска со нејзината способност да генерира профит од мобилната верзија и поради продажбата на акции на луѓе од компанијата. Како резултат на тоа пазарната капитализација на „Facebook“ падна до под 50 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП