4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува слабото издание на криптовалутите

Продолжува слабото издание на криптовалутите

Најтргуваната криптовалута според пазарната вредност, биткоинот, бележи раст само десет дена овој месец, покажуваат податоците собрани од Bloomberg, додека остатокот од времето беше во пад. Останатите дигитални средства исто така беа во црвено во поголемиот дел од месецот, при што етерот падна за околу 30 проценти од крајот на декември.

Биткоинот падна на само 33.000 долари во јануари од рекордно високото ниво од речиси 69.000 долари од пред три месеци, во услови на поширока распродажба на ризичен капитал поради зголеменото верување дека Федералните резерви (ФЕД) наскоро ќе ги зголемат каматните стапки. Падот ги погоди сите аспекти на крипто-пазарот, од биткоинот, преку таканаречените мим-токени, до крипто-берзите и рударите.

„Криптовалутите се многу нестабилна класа на средства – и се надевам дека сите вклучени на овој пазар се свесни за потенцијалот на волатилноста“, рече Трој Гајески, главен пазарен стратег во FS Investments. „Ова е многу посложена средина отколку пред шест месеци, пред 12 месеци или пред 18 месеци, кога криптовалутите имаа „зелено светло“ за сите“, рече Гајески.

Во понеделникот, биткоинот падна за дополнителни 2,9 отсто и се тргуваше за околу 36.680 долари пред да ја надомести загубата. Неговиот месечен пад сега е повеќе од 18 отсто, што е најлошиот почеток на годината од падот од 29 отсто во 2018 година. Сепак, јануарскиот пад е продолжение на загубата од 19 отсто во текот на декември.

Падот на цените, исто така, доведе до помал обем на тргување, според извештајот на истражувачите на пазарот CryptoCompare.

„Макро сентиментот за ризичните средства е водечки наратив на пазарите, со очекувања за значително намалување на квантитативното олеснување на централната банка на САД“, пишуваат аналитичарите во извештајот.

Инвестициските производи во дигитални средства, сè уште млади финансиски инструменти, забележаа одлив за прв пат од август, со просечна неделна загуба од 88 милиони долари досега во јануари. Вкупните средства во хартии од вредност поврзани со биткоин паднаа за 23 отсто од декември.

Биткоинот изгуби околу 50 отсто од својот врв во ноември, до најниско ниво во јануари. Тој пад го стави на „долниот дел од опсегот“ на големи повлекувања, историски гледано, според Зак Пандл и Изабела Розенберг од Голдман Сакс.

Двојката проценува дека од 2011 година, имало пет претходни големи повлекувања на вредноста на токените од тогашните високи, со просечен пад од врвот до дното од 77 проценти. Во просек, падовите траеле седум до осум месеци, пишува во нивната белешка. Најголемиот кумулативен пад на биткоинот – загуба од 93 проценти – се случи во 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП