21 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКои три женски фигури најмногу ги привлекуваат мажите

Кои три женски фигури најмногу ги привлекуваат мажите

Секој маж има своја визија за идеалот на убавина. Покрај изгледот, жената мора да има и некои особини на личноста, карактер и манири за да се заинтересираат за неа.

Се верува дека постојат некои општи закони за привлечност меѓу мажите и жените. Експертите дошле до заклучок дека повеќето мажи имаат одредени критериуми според кои ја избираат својата партнерка.

Докторот, сексолог Евгениј Кулгавчуј за руските медиуми изјави дека однесувањето на мажите и жените во голема мера може да се објасни со биологијата, бидејќи од природна гледна точка, целта на врската е раѓање на потомство. Според тоа, мажот често и несвесно го проценува изгледот на потенцијалната мајка на неговите идни деца, како и нејзината способност да ги воспитува тие деца.

Според тоа, експертите издвоија три типа на женски фигури кои ги сакаат и ги привлекуваат повеќето мажи.

Првиот тип на фигура е „песочен часовник“ или „90-60-90“, иако бројките не се толку важни како пропорцијата на фигурата. Лекарот објасни дека мажите веруваат дека жената со убава половина е здрава жена: таа нема прекумерна тежина, нема пропратни болести и не е под стрес. Широката карлица и поизразениот задник се индиректни знаци дека жената може да се породи, бидејќи со тесна карлица се почести се проблемите при породување. Со тоа, и градите се поврзани со способноста на жената да дои.

Докторот изјавил и дека мажите се сеќаваат на своето детство и како мајка им ги доела, па дури подоцна градите ги потсетуваат на нежност, грижа и им дава пријатно чувство.

Вториот популарен тип на женска фигура кај мажите е „крушата“. Во овој случај, акцентот на женското тело е на колковите. Докторот рекол дека дамите со ваква фигура мора да се грижат за својата тежина.

Третиот тип на фигура е „правоаголникот“ кој е карактеристичен за жените со атлетска градба. Докторот им препорачува на жените со ваква градба да го истакнат струкот со облеката.

Докторот подвлече дека овие три типа фигури се условно најпопуларни кај мажите, но дека има и такви кои сакаат поинаков изглед на жените. Тој изјавил дека изразот „мажите сакаат со очи“ е неоснован и има физиолошко објаснување, а изгледот не е најважниот параметар за избор на партнерка.

Кулгавчуј рекол дека за многу мажи карактерот и смислата за хумор се поважни, а за некои сериозноста и доверливоста на една личност. Тој ги советува сите девојки и жени кои не изгледаат баш најпривлечно, да не очајуваат туку да најдат партнер кој ќе ги цени и сака.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП