17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСорос ја спореди Кина со нацистичка Германија(ВИДЕО)

Сорос ја спореди Кина со нацистичка Германија(ВИДЕО)

Основачот на Фондацијата „Отворено општество“, милијардерот Џорџ Сорос, повика на смена на кинескиот претседател Шји Џјинпинг.

Тој дури ги спореди претстојните Зимски олимписки игри во Пекинг во 2022 година со Олимписките игри во 1936 година во нацистичка Германија, објави „Спутник“.

Сорос ја нарече Кина најмоќната авторитарна држава во светот и најголема закана со која се соочуваат отворените општества денес.

Сорос тврди дека Кина, како и Германија во 1936 година, ќе се обиде да го искористи спектаклот на претстојните Олимписки игри во Пекинг за да постигне пропагандна победа на својот систем на строга контрола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП