25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака изгледа производството на „ID.5“, електричното „SUV“ купе на „Volkswagen“ (ФОТО/ВИДЕО)

Вака изгледа производството на „ID.5“, електричното „SUV“ купе на „Volkswagen“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Volkswagen“ во фабриката во Цвикау започна со производството на целосно електричните автомобили „ID.5“ и „ID.5 GTX“.

Германскиот автомобилски гигант целосно ја трансформираше фабриката за потребите на производството на овој и на другите електрични модели, а „ID.5“ се базира на електричниот „SUV“ модел „ID.4“, кој доби купе каросерија.

Планирано е „ID.5“ и „ID.5 GTX“ првично да се продаваат на европскиот пазар, а подоцна да стигнат и во некои други делови од светот.

На клиентите им се достапни неколку автомобилски конфигурации. Сите модели користат батерија од 77 kWh, а почетната верзија со ознака „Pro“ има 172 ks и 310 Nm вртежен момент.

Моќта се зголемува до 201 ks и 310 Nm во опцијата „Pro Performance“, а на врвот на гамата е верзијата „GTX“ со два електромотори од кои на предниот дел е со 108 ks и 162 Nm, а на задниот дел со 201 ks и 310 Nm. Вкупната комбинирана моќност е 295 ks.

„Volkswagen“ тврди дека „Pro“ и „Pro Performance“ имаат проценет опсег според „WLTP“ до 520 km, додека „GTX“ со полна батерија може да помине до 480 km.

Со цел да се трансформира фабриката во Цвикау за потребите на производството на електрични автомобили, од 2018-та година се потрошени околу 1,2 милијарди евра. Голем дел од оваа инвестиција отиде за подобрување и проширување на лимарската работилница, која е 90 отсто автоматизирана.

Од „Volkswagen“ велат дека фабриката во Цвикау е првата „голема фабрика на кој било производител ширум светот што го префрли целото производство од возила со погон на „SUS“ на чисто електрични“.

Вкупно шест електрични модели на „VW“ групацијата се моментално во производство, вклучувајќи ги „ID.3“, „ID.4“, „Audi Q4 e-tron“, „Q4 Sportback e-tron“ и „Cuprа Born“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП