28 март, 2024
ПочетнаКОРОНАСтелт омикрон стигна во регионот, прв случај со новиот подвид откриен во...

Стелт омикрон стигна во регионот, прв случај со новиот подвид откриен во Хрватска

Во Хрватска е откриена подваријанта на омикрон-сојот BA.2, потврдија денеска од хрватскиот Завод за јавно здравје.

Присуството на подваријантата на омикрон за загрепската телевизија N1 го потврди и заменик-директорката на Заводот, Ивана Павиќ-Шиметин.

Станува збор, рече таа, за еден потврден случај.

Два случаја со овој подвид на омикрон во четвртокот беа регистрирани во Словенија.

Британската агенција за јавно здравје неодамна откри повеќе од 400 случаи на подвидови на омикрон во првите 10 дена од јануари наведувајќи дека BA.2 е откриен уште во 40 земји, вклучувајќи ги Индија, Данска и Шведска, каде што има најмногу од овие подвидови.

Подваријантата на омикрон BA.2 го доби прекарот стелт омикрон бидејќи било потешко да се открие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП