7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајчесто се фалсификуваат банкнотите од 20 и 50 евра

Најчесто се фалсификуваат банкнотите од 20 и 50 евра

Околу 347.000 фалсификувани евро банкноти се повлечени од оптек во 2021 година, што е четвртина помалку од една година претходно, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ).

Банкнотите од 20 и 50 евра сè уште се најчесто фалсификувани, кои заедно сочинуваат околу две третини од повлечените фалсификувани банкноти, пренесува N1.

ЕЦБ, исто така, соопшти дека нешто повеќе од 95 отсто од фалсификатите биле откриени во земјите од еврозоната, околу четири отсто во членките на ЕУ кои не се во еврозоната и помалку од половина отсто во другите делови на светот.

Мала е веројатноста некој да добие фалсификувана банкнота, констатира ЕЦБ и објасни дека во 2021 година биле откриени 12 фалсификати на милион оригинали во оптек.

Сепак, граѓаните треба да бидат внимателни.

Кога ќе се посомневаат дека банкнотата е фалсификувана, граѓаните прво треба да ја споредат со оригиналот и доколку се потврдат сомнежите, да се обратат до полицијата или, во зависност од националната практика, во централната или комерцијалната банка.

Во соопштението на ЕЦБ се потсетува и дека плаќањето со фалсификувани банкноти е кривично дело.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП