Невреме со налети на ветер со речиси ураганска сила, придружено со обилни снежни врнежи денеска го погоди североисточниот дел на САД и предизвика поплави во крајбрежните области.
Повеќе од 100.000 домови и продавници во Масачусетс останаа без струја поради снежното невреме што ја зафати таа американска сојузна држава. Авиокомпаниите откажаа речиси 6.000 летови за време на викендот на некои од најпрометните аеродроми во земјата, според веб-страницата „Флајтавер“, а железничкиот сообраќај од Бостон до главниот град Вашингтон е во прекин или ограничен.