19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенечка Влада: Мерки за ублажување на скокот на енергенсите, по 150 евра...

Словенечка Влада: Мерки за ублажување на скокот на енергенсите, по 150 евра за 67.000 луѓе

Словенечката влада прифати неколку мерки за ублажување на поскапувањето на енергенсите, меѓу кои е и еднократен дидаток од 150 евра за ранливите социјални групи.

Право на додаток имаат и пензионерите чија пензија не надминува 1.000 евра, инвалидите и повеќечлените семејства.

За таа мерка ќе бидат издвоени над 100 милиони евра

-Владата ќе се обиде да ги намали акцизите за струја и енергија на најниско можно ниво, рече Јанша и додаде дека ДДВ нема да се промени.

Владата усвои и предлог-закон за ублажување на поскапувањето на енергенсите за економијата и земјоделството, со што ќе се обезбедат 70 милиони евра „асиметрична помош“ за компаниите кои се најтешко погодени од енергетската криза.

Мерките ќе важат од 1 февруари до 30 август, а според Јанша тие би можеле да бидат продолжени доколку кризата не се смири, пренесува Хина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП