25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Кај Ковач не знаевме дали тренираме за натпревар или за Тур Д’Франс“

„Кај Ковач не знаевме дали тренираме за натпревар или за Тур Д’Франс“

Нико Ковач, во периодот 2018-2019 беше тренер на Баерн Минхен. Не се задржа долго на функцијата и покрај тоа што беше донесен како долгорочно решение. Кога доби отказ, германските медиуми пишуваа дека остана без работа, бидејќи не успеал да изгради добар однос со играчите.

Шпанецот, Хави Мартинез, кој лани по девет години го напушти Баерн, открил дека играчите не верувале во методите на Ковач.

„Кај него пред и по секој тренинг моравме да возиме велосипед по 40 минути. Во еден момент почнавме да се сомневаме во неговите методи. Не бевме сигурни дали тренираме за натпревар или за Тур Д’Франс“, рекол Мартинез.

Шпанецот дресот на баерн го носеше од 2012 до 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП