28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Раководството на Симпо го прифати предлогот на министерот за финансии даночниот долг да се претвори во акции на државата, која така би станала мнозински сопственик на фирмата. Како што соопшти Министерството, според предлог на Млаѓан Динкиќ, државата Србија треба да има 70 отсто од капиталот на фирмата Симпо.

Загреб – Познатиот американски синџир за брза храна Бургер Кинг наскоро ќе отвори први објекти во Хрватска, јавуваат локалните медиуми. Според „Пословни дневник“, лиценцата да ја води франшизата во Хрватска наводно ја добила словенечката фирма Спортина, иако од таа компанија не сакаат ниту да ја потврдат ниту да ја демантираат таа информација.

Загреб – Воведувањето на визниот режим осветли низа проблеми во односите меѓу руските туристички оператори и хрватските хотелиери. Летната сезона 2013 година стана многу комплицирана за многу руски туристички оператори кои работат со Хрватска, пишува Индекс.хр. Откако се воведоа визи за Русите, продажбата на туристичките аранжмани во Хрватска се намалија за 40 до 50 отсто. За руските туристи Хрватска од секогаш била скапа дестинација, а сега Русите ќе мораат да издвојат уште повеќе пари, бидејќи ќе мораат да платат визи. Уште повеќе, Хрватска моментално доживува неуспех поради другите туристички дестинации, на пример Грција каде веќе неколку години по ред туристичката понуда е поефтина, пишува Руски Вјесник.

Рио де Жанеиро – Квартови на Рио де Жанеиро во кои порано и полицијата ретко влегувала сега стануваат места околу кои сите се интересираат. Подготвувајќи се за Светското првенство во фудбал за 2014 година и првите Олимписки игри во Јужна Америка во 2016 година, Рио де Жанеиро привлече големи инвестиции.

Рим – Компанијата Етихад ервејз, по купување на дел во српски ЈАТ и индиски Џет, може на својата мрежа да ја приклучи и италијанската Алиталија. Италијанскиот весник Соле 24 оре тврди дека преговорите веќе се во тек и дека нивниот резултат може да биде продажба на акциите на италијанскиот загубар на Етихад. Двете компании сеуште не се огласиле околу оваа вест, но весникот наведува дека нивните највисоки претставници веќе имале неколку состаноци.

Киев – Украина е еинствена од 12 членки на Заедницата на независни држави ЗНД, која во текот на првото полугодие имала пад на БДП. Сепак, премиерот на Украина Николај Азаров верува дека економската состојба ќе се подобри до крајот на оваа година. Податоците на украинската државна статистика покажаа дека БДП на порано најразвиената република на поранешната СССР, во периодот јануари – јуни 2013 паднал за 1,1 отсто, во споредба со истиот лански период, додека во сите други членки на ЗНД, вклучувајќи ја и Русија, бил во пораст.

Пекинг – Кинеската влада испрати порака дека економијата зајакнува и дека стопанскиот раст е стабилизиран, по долготрајните забавувања, за да ги смири аналитичарите. Соопштението кое го изнесе портпаролот на владиниот Завод за статистика Шенг Лајун, е дел од официјалните напори да се намали загриженоста околу најсериозното стопанско успорување од 2008 година и глобалната економска криза.

Берлин – Малку е веројатно дека Европската централна банка со години ќе ги држи каматните стапки на ниско ниво, изјави гувернерот на германската централна банка Јенс Вајдман. – Претпоставувам дека каматните стапки нема да останат ниски долго години, бидејќи економското влијание на ултра лабавата монетарна политика со време ќе избледи, а ризиците по финансиската стабилност ќе се зголемат – оцени Вајдман за деловниот весник Ханделсблат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП