26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Brexit“ го намали германскиот извоз во 2021-ва

„Brexit“ го намали германскиот извоз во 2021-ва

Извозот на германски стоки и услуги во Велика Британија падна за 2,5 отсто во 2021-ва година – првата цела година во која Обединетото Кралство е надвор од Европската унија (ЕУ).

Германскиот извоз – најголемата европска економија – достигна 65,4 милијарди евра (73,1 милијарди долари) во минатата година, според прелиминарните податоци на Федералниот завод за статистика (Destatis). Агенцијата појаснува дека падот на индикаторот е резултат на „Brexit“. За споредба – во пандемиската 2020-та година намалувањето беше 15,3 проценти.

Велика Британија официјално ја напушти ЕУ на 31-ви декември 2020-та година, 11 месеци по официјалното напуштање на политичките структури на Унијата.

Помеѓу јануари и ноември 2021-ва година, германскиот извоз во Британија се намали за 2% на годишна основа, додека увозот падна за 7,7%.

Обединетото Кралство се рангираше на осмото место по извоз во овој период во споредба со петтата позиција во 2020-та година.

Официјалната статистика покажа и дека индексот на цените на увозот во декември пораснал за 24 отсто на годишна основа. За споредба, во ноември и октомври годишниот пораст изнесуваше 24,7% и 21,7%, соодветно. На месечно ниво, индексот благо порасна за 0,1 отсто.

За цела 2021-ва година, годишниот индекс на увозните цени беше за 13,5% повисок од 2020-та година. Годишната промена на индикаторот е највисока од 1981-ва година, кога изнесуваше +13,7%.

Заводот за статистика објаснува дека главната причина за овие движења е поскапувањето на енергенсите. Во последниот месец од 2021-ва година, увозот на енергија во Германија беше за 135% поскап од декември 2020-та година. Најголемо влијание на тоа имаше растот на цените на природниот гас, кој изнесуваше 267,5%. На второ место како ефект се најде суровата нафта која поскапе за 65,3%.

Индексот на увозните цени, без сурова нафта и производи од минерална нафта, во декември порасна за 21,4% на годишно ниво. Порастот во ноември изнесува 0,6%. Просечниот годишен пораст на индикаторот во 2021-ва година изнесува 10,9% во однос на 2020-та година.

Индексот на извозните цени е зголемен за 10,9% во декември 2021-ва година во однос на истиот месец лани. Ова е најголем пораст на годишно ниво од декември 1974-та година, покажуваат податоците на Заводот за статистика. На месечна основа зголемувањето е 1%.

Просечниот годишен пораст во 2021-ва година беше 5,6% во однос на 2020-та година. Ова е најголем пораст од 1981-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП